Медведев разговараше со претседателката на владата на Словенија за економската соработка

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев разговараше со својата колешка од Словенија, Аленка Братушек, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на владиниот кабинет. Ова е нејзина прва посета во Русија во својство на претседателка на влада. Премиерите разговараа за развојот на економските односи, вклучувајќи ја енергетиката и соработката во хуманитарната сфера.

Централна тема на разговорот беа и прашања од трговско-економската соработка.

Според зборовите на Дмитриј Медведев, трговијата меѓу Русија и Словенија расте, и покрај тешката ситуација во светската економија.

Словенечки компании работат во повеќе од 60 руски региони. Според податоците на руската статистика, во 2012 година руско-словенечката трговија пораснала за 7,2% во однос на претходната година (до 1,56 милијарди долари).

„Претседателите на владата детално го разгледаа планот за подготовка за изградба на словенечката делница од гасоводот“, додаде претставникот на владиниот кабинет. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.