Во 2013 година Русите ќе потрошат за нови автомобили 73,1 милијарди долари

Според оценката на аналитичката агенција „Автостат“, во 2013 година Русите ќе потрошат за купување нови автомобили 73,1 милијарда долари, што е за 3% помалку од минатата година. Вкупно на рускиот пазар ќе бидат продадени 2,6 милиони нови автомобили, што е за 6% помалку од минатата година.

Сепак, вредноста на секој одделен продаден автомобил порасна. Ако во 2012 година средната цена за еден купен автомобил изнесувала 27.330 долари, годинава таа изнесува 28.125 долари.

Според мислењето на директорот на агенцијата „Автостат“, Сергеј Целиков, во почетокот на следната година ќе продолжи тенденцијата и ќе се купуваат помалку автомобили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња