Туристите од Полска, Финска и Кина почесто од другите ја посетуваат Русија

Русија од јануари до септември најчесто била посетена од граѓаните на Полска, Финска и Кина, пренесува Ростуризам, повикувајќи се на податоци од Росстат.

Русија од јануари до септември најчесто била посетена од граѓаните на Полска, Финска и Кина, пренесува Ростуризам, повикувајќи се на податоци од Росстат.

Вкупниот број на туристи кои влегле во Руската Федерација во тој период изнесува 23,9 милион, што е за 10% повеќе од истиот период во минатата година.

Бројот на гости од Полска е повеќе од 1,2 милиони, зголемувајќи се за 52%. На второ место е Финска со повеќе од милион лица (раст за 3%), а на третото место се наоѓаат граѓаните на Кина (871.000).

Понатаму следуваат Германија, Естонија, Литванија, Турција, САД и Велика Британија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.