Русија ги наведе условите за вклучување на Украина во Царинската унија

Украина може еден ден да стане член на Царинската унија, но за тоа мора да заврши огромна работа, изјави во Москва Алексеј Улјукаев, министер за економски развој на Руската Федерација.

Украина може еден ден да стане член на Царинската унија, но за тоа мора да заврши огромна работа, изјави во Москва Алексеј Улјукаев, министер за економски развој на Руската Федерација.

„Украина може да смета да стане член на Царинската унија, но за тоа ќе мора да работи напорно. Украина треба јасно да ја формулира својата желба, која засега ја нема“, смета Улјукаев.

Министерот кажува дека засега нема никакви прелиминарни договори за влез на Украина во Царинската унија, пренесува РИА Новости. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња