Официјалната невработеност во Русија во ноември пораснала за 1,6% и изнесува 864,5 илјади лица, соопшти претставник на министерството за труд и социјална заштита на Руската Федерација.
„Од 30 октомври до 27 ноември 2013 година бројот на невработени лица кои се регистрирале во бирото за вработување е зголемен за 1,6%, или за 13.245 лица“, се кажува во соопштението.
Раст на невработеноста во Русија се забележува во 70 субјекти на Руската Федерација.
Според последните податоци на Росстат, невработеноста во октомври во Русија изнесувала 5,5%, што е еден од најниските показатели во Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче