Медиуми: „шизофреничната“ политика на САД ги турка арапските држави кон Русија

Како резултат на „шизофреничната“ надворешна политика на САД на Блискиот Исток, многу арапски земји почнуваат да ги затоплуваат своите односи со Русија, пишува The Daily Telegraph.

Како резултат на „шизофреничната“ надворешна политика на САД на Блискиот Исток, многу арапски земји почнуваат да ги затоплуваат своите односи со Русија, пишува The Daily Telegraph.

Во ексклузивно интервју за весникот шеикот Салман бин Ахмад ал-Халифа (Бахреин) предупредува дека администрацијата на Обама ќе го губи своето влијание во регионот доколку продолжи со „агресивната“ надворешна политика, се кажува во статијата.

После неодамнешната криза во Сирија, некои држави сериозно размислуваат да ги ревидираат своите односи со САД, изјави шеикот.

„Русите докажаа дека може да им се верува“, го коментира Салман бин Хамад дипломатското замешување на Путин и обидот да се спречи западната воена акција против Башар Асад. Како резултат на тоа, многу држави во регионот веќе почнаа да размислуваат за развивање на односите со Русија, изјави шеикот.

„Америка, се чини, страда од шизофренија кога има работа со арапскиот свет“, забележа принцот на Бахреин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.