Повеќето Руси не ги интересираат конкурсите за убавина

Повеќето Руси не пројавуваат интерес за конкурсите за убавина, а притоа, многумина сметаат дека учеството во слични манифестации е прекрасна шанса во животот, можност да се заработат пари, да се направи кариера или да се најде богат сопруг, сведочат податоците од анкетата на ВЦИОМ.

Во ноември за прв пат во Русија се одржа конкурсот Мис Вселена. Победничка стана Габриела Ислер од Венецуела. Анкетата, во која учествуваа 1.600 луѓе од 130 населени места беше одржана на 24-25 ноември.

„Според резултатите од истражувањето, две третини од испитаниците не го гледале конкурсот за убавина (65%), а секој петти само се заинтересирал за тоа како завршил (24%). Притоа, во настанот го гледале само 9% од Русите. Најактивни биле жителите на Москва и Санкт Петербург“, се кажува во материјалите на ВЦИОМ.

Освен тоа, како што покажуваат резултатите од анкетата, речиси половина од Русите (53%) се индиферентни кон ваквите конкурси, при што мажите и жените речиси во иста мера (56% наспроти 51%), а дури 37% не сфаќаат со која цел се одржуваат конкурсите за убавина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.