Забрзувачкиот блок „Бриз-М“ и британскиот телекомуникациски сателит „инмарСат 5-Ф1“ се изделија од ракетата-носач „Протон-М“, лансирана вчера во 16:12 по московско време од космодромот Бајконур, изјави за РИА Новости претставник на Роскосмос.
Произведувач на сателитот е компанијата Boeing Satellite Systems. Вселенскиот апарат InmarSat 5-F1 е создаден врз основа на платформата BSS-702HP. Периодот на работа на сателитот се предвидува да трае 15 години. Тоа е трет сателит од серијата InmarSat, лансиран со ракетата „Протон-М“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче