Нивото на Резервниот фонд треба да достигне 7% од БДП на Русија до крајот на 2022 година, а сумарниот износ на суверените фондови - 9,4% од БДП. До 2030 година обемот треба да изнесува 11,1% од БДП, се кажува во проектот за буџетската стратегија до 2030 година, пренесува „Прајм“.
Според „буџетското правило“, откако нивото на Резервниот фонд ќе достигне 7% од БДП, дополнителните приходи од овој фонд ќе заминуваат кај Фондот за национална благосостојба (ФНБ) или за финансирање на инфраструктурни и други приоритетни проекти.
Резервниот фонд на Русија се полни од приходот од нафтата и гасот, кога истите имаат доволни високи цени, а се користи кога цената на нафтата и гасот на светските пазар паѓа под планираното ниво.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче