Словенија ќе учествува во тенковски биатлон

Словенија го потврди своето учество следната година на руските натпреварувања по тенковски биатлон. Ова го соопшти за ИТАР-ТАСС извор во руското министерство за одбрана.

Словенија го потврди своето учество следната година на руските натпреварувања по тенковски биатлон. Ова го соопшти за ИТАР-ТАСС извор во руското министерство за одбрана.

„Словенечката страна потврди дека ќе учествува на рускиот тенковски биатлон. Нејзината екипа ќе настапи со тенковите М-84 кои ги поседува словенечката армија“, изјави извор од руското министерство за одбрана.

Тенкот М-84 е југословенска модернизирана варијанта на советскиот тенк Т-72М (извозна верзија на Т-72А). Производството во Југославија на овој модел траеше од 1983 до 1991 година. Вкупно се произведени 700 вакви тенкови. После распадот на Југослација, Словенија доби 54 вакви тенкови, од кои во моментов само 19 се функционални. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.