Најголеми купувачи на руско оружје во периодот од 2013 до 2016 година ќе бидат Индија, Ирак и Виетнам, а од тројката лидери ќе заминат Кина и Алжир, изјави Игор Коротченко, директор на Центарот за анализа на светската трговија со оружје.
„Во првата тројка најголеми увозници на руско оружје од 2013 до 2016 година ќе се случат промени во споредба со периодот од 2005 до 2012 година. Индија ќе го зачува првото место, додавајќи дека на втората позиција ќе се качи Ирак, заменувајќи ја Кина која ќе се најде на четвртото место, а третото ќе го зазеде Виетнам. Притоа, во списокот на најголеми купувачи на руско оружје Алжир ќе се симне од третото на шестото место.“
Првите три држави ќе купат дури 51,24% од вкупното оружје предвидено за извоз, додека државите кои ќе се наоѓаат од четвртото до десеттото место - 32,54%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче