Европскиот парламент сака да спроведе видеоконференција со поранешниот соработник на американските тајни служби, Едвард Сноуден, изјави во петокот за РИА Новости извор во ЕП.
„Преговорите за организацијата на видеоконференцијата се во тек, но за поконкретни одговори ќе треба да се почека“, изјави извор во ЕП.
Европскиот парламент врши серија испрашувања во врска со шпионскиот скандал кој се појави во Европа после обелоденувањето на податоци од Сноуден, според кои Агенцијата за национална безбедност на САД масовно собирала податоци за телефонските повици на минимум 35 шефови на држави од целиот свет. Меѓу нив се најде и германскиот канцелар Ангела Меркел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче