Во западниот дел на Охотското море за прв пат се откриени месојадни китови

Научниците при Советот за морски цицачи во западниот дел ан Охотското море за прв пат открија месојадни китови кои порано не се наоѓале во тој дел од Охотското море, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на конференцијата за печатот, организирана од Советот.

„Досега не мислевме дека на рускиот Далечен Исток преовладуваат китови орки кои се хранат со риба, објаснија на конференцијата за печатот. Меѓутоа, излезе дека нивните „роднини“ кои се хранат со други видови морски цицачи сито така го населуваат западниот дел на Охотското море.“

Китовите орки биле следени од јули до септември, за време на проучувањето на популацијата на бели китови во западниот дел на Охотското море. Вршејќи истражувања, научниците вдолж брегот на Охотското море се движеле со чамец на дување. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.