Повеќе од 30 објекти ќе бидат изградени во Волгоград за Светското првенство во 2018

Повеќе од 30 спортски и деловни објекти ќе бидат изградени во Волгоград за светското првенство по фудбал во 2018 година, изјави за новинарите претседателот на комитетот за подготовка на СП 2018, Сергеј Гончаров.

Главен објект според планот ќе биде новиот стадион со 45.000 места. Изградбата на спортската арена ќе се финансира од федералниот буџет. До почетокот на првенството во Волгоград ќе бидат изградени 11 хотели од три до пет ѕвезди.

Другите клучни инфраструктурни проекти вклучуваат модернизација на аеродромот, проширување на веќе постојните патишта, изградба на нови патишта, реновирање на неколку спортски терени, изградба на нов систем за водовод и електрична енергија, реконструкција на целиот болнички комплекс. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња