Московскиот државен универзитет (МГУ) влезе меѓу десетте најдобри универзитети во државата со најдинамична финансиска структура и економски развој. Во рејтингот на универзитетите, објавен од британското издание Times Higher Education, МГУ ја зазеде десеттата позиција, пренесува ИТАР-ТАСС.
„За прв пат досега објавивме список на најдобрите универзитети од 22 држави, вклучувајќи ги и државите-членки на БРИКС, кои во последниве години имаат зголемено темпо на економски раст и развиј“, изјави претставникот на изданието Френ Ленгдон. „Влегувањето на МГУ во првата десетка несомнено преставува голем успех за Русија“.
На врвот на овој список е Пекиншкиот универзитет. На втората позиција повторно се наоѓа кинески универзитет – Универзитетот Цинхуа, а на третата позиција – јужноафриканскиот универзитет во Кејптаун.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче