Медведев: Руската економија е во подобра состојба од европската

Руската економија и понатаму се соочува со низ тешкотии, но во Русија состојбата е подобра отколку во Европа, изјави претседателот на владата на Русија, Дмитриј Медведев.

Руската економија и понатаму се соочува со низ тешкотии, но во Русија состојбата е подобра отколку во Европа, изјави претседателот на владата на Русија, Дмитриј Медведев.

„Во овој момент ситуацијата во нашата економија и стопанство е сложена, како и во повеќето земји со развиен пазар или пазар кој интензивно се развива. Неодамна оваа состојба ја нареков ’незавидна’“, изјави Медведев, зборувајќи за изминатата година во телевизиското интервју, пренесува РИА Новости.

Премиерот, сепак, нагласи дека состојбата во руската економија е „нешто подобра отколку во Европа“.

„Со други зборови, Русија бележи одреден економски раст. Прогнозираниот економски раст од 3 до 3,5% не е исполнет, туку достигнат е раст од 1,5%“, изјави Медведев, додавајќи дека во Европа поради падот на производството нема економски раст. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња