Речиси 30 илјади го посетиле саемот на книгата non/fictio№ во Москва

Саемот за интелектуална литература non/fictio№, која се одржа од 27 ноември до 1 декември во Централниот дом на уметниците (ЦДХ) во Москва, ја посетиле 29.500 луѓе, изјавија организаторите на саемот.

Саемот за интелектуална литература non/fictio№, која се одржа од 27 ноември до 1 декември во Централниот дом на уметниците (ЦДХ) во Москва, ја посетиле 29.500 луѓе, изјавија организаторите на саемот.

Во минатата година саемот бил посетен од околу 32.000 лица.

На саемот годинава се пријавиле и учествувале 290 издаваштва кои извршиле презентации на книги, средби со авторите и предавања. Почесен гостин на саемот беше Швајцарија.

Издавачите се задоволни од саемот. „Имаме најпозитивни впечатоци. Според мене, на non/fictio№ е најден оптимален баланс меѓу малите, средните и големите издаваштва“, смета директорот на Ad Marginem, Александар Иванов.

Следната година овој саем ќе се одржи на истото место од 26 до 30 ноември. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.