Ако нуклеарната програма на Иран биде ставена под контрола на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, повеќе нема да има причина за создавање на систем за противракетна одбрана во Европа. Овој став го изнесе Сергеј Лавров после заседавањето на Советот Русија-НАТО.
Претседателот на Русија, Владимир Путин на 2 декември изјави дека Русија смета дека меѓународната заедница наскоро треба да склучи нови договори и да постигне нови резултати во врска со преговорите околу иранската нуклеарна програма.
Путин истакна дека Русија ги поддржува договорите во врска со ова прашање. „Основа на овие договори во значајна мера се и руските предлози“, потсети претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче