„АвтоВАЗ“ до 2017 година ќе произведува пет нови модели

„АвтоВАЗ“ планира до 2017 година да пушти во производство пет нови модели автомобили: седан, два кросовера, хечбек и џип, изјави Александар Шмигов, соработник во „АвтоВАЗ“.

„АвтоВАЗ“ планира до 2017 година да пушти во производство пет нови модели автомобили: седан, два кросовера, хечбек и џип, изјави Александар Шмигов, соработник во „АвтоВАЗ“.

„Прв треба сериски да се произведува ЛАДА Б (2180). Тој автомобил треба да ја замени сегашната Лада Приора. Почетокот на производството се планира во 2015 или 2016 година. Во моментов се вршат подготовките“, изјави Шмигов.

Според  Шмигов, во моментов специјалистите од Рено и „АвтоВАЗ“ создаваат модел на градскиот хечбек (BM-Hatch) и кросоверот (B-Cross SUV). Производството на овие два модела ќе започне во 2015, односно 2016 година.

„Понатаму се планира производство на автомобили од С-класата, кои треба да биде поскапи“, изјави Шмигов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.