Стремежот за материјално и сексуално задоволство доминира во системот на вредности кај руската младина, изјави Павел Астахов, ополномоштен чиновник при Претседателот за правата на децата. Ова е заклучок од истражувањето на специјалистите на МГУ со претседателскиот апарат.
Истражувањето е спроведено во 2013 година во рамките на Серуската кампања против насилството во медиумите. Во него зедоа учество околу 600 студенти во прва година на 16 факултети во Московскиот државен универзитет „Ломоносов“.
„Во центарот на погледот на светот кај младината доминира стремежот за материјално богатство и сексуално задоволство. Овие две вредности се посебно издвоени од сите други. Секој осми студент (13%) е подготвен да стапи во брак за пари. Само една четвртина од анкетираните сметаат дека Русија има потреба од вредности како што се почитувањето на законите и правниот поредок“. изјави Астахов.
Тој додаде дека вредностите кои се сметаат за традиционални за Русија (добрината, великодушноста, милосрдието, трпеливоста, почитувањето на старите) ги заземаат најниските места во системот на вредностите кај анкетираните студенти.
„Сепак, секој четврт од анкетираните изјавил дека е неопходно да се задржи традицијата и културата на руското општество“, изјави омбудсманот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче