Во јануари 2014 започнува необична експедиција чии учесници се подготвуваат за прв пат во историјата да го поминат Северниот леден океан со пловечки ледени санти до Арктикот, користејќи специјални проектирани возила-амфиби, пренесува РИА Новости.
Претстојното „автомобилско освојување“ на Северниот пол ќе биде дел од маршрутата од 9.000 километри, која сака да ја помине експедицискиот тип од центарот „Арктик“. Оваа маршрута е само една од етапите на програмата „Поларен прстен“, започната во почетокот на 2000-те. Главната идеја на програмата е пат околу светот преку арктичкиот брег на Русија, Канада и Америка со санти лет од Северниот леден океан до Северниот пол.
Секако, за тоа патување потребни се посебни автомобили.
„Откако започнавме со оваа програма пред речиси 14 години, за “Поларен прстен“ се проектирани 6 модели на “пловечки“ возила кои можат да се движат по сите терени и имаат надворешни гуми во кои има многу мал притисок“, изјави водачот на експедицијата и познат поларен патник, Владимир Чуков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче