Планираните трошоци на Русите за подароци, новогодишна трпеза, забава – ќе пораснат годинава за 13% и треба да изнесуваат 26.000 денари. Основната причина за ова не е растот на приходите, туку желбата да се заборави на економската нестабилност.
Трошоците на руската средна класа за забава за Нова година ќе се зголемат од 23.000 на 26.000 денари, прогнозираат експертите од Deloitte.
Новогодишниот буџет на жителите во големите руски градови речиси го достигна оној на европските жители (27.000 денари), но засега е зад Ирците (54.000 денари) и Французите (32.000 денари). За повеќето анкетирани, главната причина за зголемувањето на трошоците е „желбата да се радуваме на животот и да не мислиме многу на нестабилната економија“.
57% од Русите изјавиле дека ќе ги зголемат трошоците за оваа Нова година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче