Претседателот на Русија, Владимир Путин, се сложи дека е неопходно оние кои го доведуваат до сомнеж територијалниот интегритет на Русија да сносат законска одговорност, но не истакна каков вид казна треба да биде воведена, пренесува РИА Новости.
На почетокот на ноември пратениците од „Единствена Русија“ дадоа во Државната Дума на разгледување предлог-закон, со кој се планира воведување кривична одговорност за пропагирање на сепаратизам.
„Во Уставот јасно стои дека државата го гарантира територијалниот интегритет на земјата, и затоа сите изјави за отцепување на било кој дел од Руската Федерација се противуставни“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче