Путин ќе ги ослободи Pussy Riot?

Во Русија се подготвува амнестија по повод 20-годишнината од Уставот на Руската Федерација. Претседателот му нареди на Советот за правата на човекот уште на 26 септември да се подготви за амнестија, а на 15 октомври проектот беше готов и предаден на шефот на државата.

„Амнестијата треба да се однесува само на тие лица кои не извршиле тешки престапи поврзани со насилни дејства кон претставниците на власта“, изјави претседателот.

Засега не е јасно дали е предвидено отпуштање од затвор и на претставничките на Pussy Riot и Михаил Ходорковски, како и еколозите од Arctic Sunrise.  Што се однесува до Pussy Riot, тие можат да бидат амнестирани како жени кои имаат малолетни деца. Според казната, учесничките на оваа група треба да излезат од затвор во март 2014 година.

Според пресметките, амнестијата може да опфати околу 100.000 лица, вклучувајќи и условно затворени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња