Според прогнозите на експертите, во Москва веќе во 2018 година ќе се случи сообраќаен колапс – ситуацијата во утринските и вечерните часови веќе е критична, а има опасност застоите во иднина да траат цел ден.
Експертите наведуваат статистички податоци: пред 10 години сообраќајниот шпиц траеше околу 40 минути, а сега целиот град стои по 4 часа наутро и навечер. А бројот на автомобили по московските улици постојано се зголемува – и тоа по 300.000 автомобили годишно.
Според мислењето на московските власти, кога половина милион возачи би почнале да користат автобуси и метро, овој мегалополис повторно ќе почне да дише. Меѓутоа, во метрото во овој момент нема место за тие дополнителни 500.000 патници.
Владата на Москва на чело со градоначалникот на Москва истакна дека приоритет на сообраќајната политика е јавниот сообраќај. Темпото на изградба на метрото достигна рекорд (по 15 километри годишно), за автобусите се изделени посебни места за движење.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче