Ракетата К-77М од класата воздух-воздух за тактичкиот ловец Т-50 ќе добие напреден систем за наведување, пренесува весникот „Известија“.
Главата за автоматско наведување на ракетата со антена гарантира дека непријателскиот авион или ракета ќе бидат погодени уште при првото лансирање. Новиот радар ќе овозможи моментално реагирање доколку има изненадувачки маневар на целта, а исто така ќе ја зголеми компатибилноста со дигиталните системи на ловецот од петтата генерација.
Ваков напреден систем за автоматско наведување на ракетите го создава конструкторското биро „Детаљ“ во рамките на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“. Оваа компанија ќе започне со експерименталното производство во 2015 година.
Главната предност на ракетата К-77М ќе биде задржувањето на целта и прилагодувањето на маневрите на самата цел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче