Новогодишните марки на кои се прикажани сите маскоти на претстојните зимски олимписки игри во Сочи се пуштени во продажба, соопштено е на конференцијата за медиумите во Поштата на Русија.
Секоја марка е издадена во тираж од 680.000 примероци. Оваа празнична серија е спакувана во соодветен пригоден омот. Пакувањето содржи по четири поштенски марки.
Во продажба се појавија и првите пригодни марки од серијата „XXII Зимски олимписки игри во Сочи. Туризмот на руското црноморско крајбрежје“ и „XXII Зимски олимписки игри во Сочи. Зимски олимписки спортови.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче