Обединетите Арапски Емирати ќе испорачаат во Русија беспилотно летало (United 40) во февруари 2014 година, пренесува РИА Новости.
„Првото беспилотно летало United 40 ќе дојде во Русија во почетокот на лседната година. Во зависност од резултатите од првите тестирања, планирано е зголемување на испораката на БЛ“, изјави раководителот на компанијата, Али Ал Дахери.
Тој забележа дека двете страни склучиле договор за можно купување н апрвата пробна партија на ова беспилотно летало.
БЛ United 40 Block 5 претставува апарат со средна висина на дејство и голем радиус на лет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче