Резервниот фонд на Руската Федерација во текот на ноември порасна за 3,3% - до 64 милијарди евра, додека Фондот за национална благосостојба за 2,7% - до 65 милијарди евра, соопшти Министерството за финансии на Русија.
Резервниот фонд и Фондот за национална благосостојба се финансиски механизми кои се полнат со вишоците од приходите од нафтата и гасот, а кои се планира да бидат искористени во случај на намалување на цените на нафтата и гасот на светскиот пазар, за да не се дозволи дестабилизација на руската економија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче