Мутко: Русија треба да ја измени ситуацијата во фудбалот со помош на СП во 2018

Русија треба да ја искористи својата шанса и добро да го подготви светското првенство во фудбал, за да може да ја промени и ситуацијата во фудбалот на домашен терен, изјави министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко.

Русија треба да ја искористи својата шанса и добро да го подготви светското првенство во фудбал, за да може да ја промени и ситуацијата во фудбалот на домашен терен, изјави министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко.

Пред три години, на 2 декември 2010 година, РУсија го доби правото да го спроведе светското првенство во фудбал во 2018 година. Светското првенство ќе се одржи во Москва, Санкт Петербург, Калининград, Нижни Новгород, Казањ, Самара, Саранск, Волгоград Ростов на Дон, Сочи и Екатеринбург.

„Ние, секако, треба да ја искористиме шансата и да ја промените ситуацијата во фудбалот и на стадионите. Секако, ќе се менува инфраструктурата, ќе се развива материјалната база на фудбалот. Тоа ќе помогне да се промени и самиот фудбал. А што се однесува до организацијата и спроведувањето на светското првенство, таму има доста да се понуди. А и самиот фудбал доста ќе наследи после тоа: 11 градови, 12 стадиони, 64 тренинг-центри, 117 фудбалски полиња - сето тоа ќе биде направено за фудбалот“, изјави Мутко за агенцијата „Р-Спорт“.

Програмата за подготовка за СП 2018 во Русија предвидува и изградба на нови аеродроми, нови железнички линии, патишта, хотели и стадиони. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња