Граѓаните на рускиот град Новосибирск на 7 декември ќе можат да набљудуваат еден од најубавите ѕвездопади во годината - метеорскиот дожд Геминиди, за време на кој се очекува да бидат видливи и до 80 метеори во еден час, изјави Сергеј Масликов, директор на новосибирскиот планетариум.
Метеорите ќе се забележат кога ќе влезат во атмосферата на земјата и ќе согорат.
„Метеорскиот дожд ќе може да се набљудува од 7 до 17 декември, но најдобро ќе биде на 14 декември, кога ќе има најголема активност. Оваа година се очекува интензивност од 70 до 80 метеори во еден час“, додаде Масликов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче