Русија е загрижена поради високиот степен на политизираност на иницијативата на Европската унија „Источно партнерство“, изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов.
„Ние со загриженост укажуваме на високата политизираност“, изјави тој, настапувајќи го понеделникот на состанокот на кој се разговараше за „Источно партнерство“ во Брисел.
Проектот „Источно партнерство“ има цел политичка асоцијација и економска интеграција на ЕУ со шест држави од постсоветското пространство: Украина, Грузија, Молдавија, Ерменија, Азербејџан и Белорусија.
Според зборовите на Чижов, „Источно партнерство“ е проект на ЕУ за кој Европа нема издвоено посебен буџет, и затоа не е многу веројатно дека ќе има „голем успех“. „Дури и сега не се појави одделен буџет. Ако го гледате буџетот на Еу за 2014, па и за следните седум години, таму воопшто не е вкалкулиран проектот „Источно партнерство“. И нема да биде!“, изјави Чижов. Затоа, според неговите зборови, „тешко е да се смета дека овој проект е нешто повеќе од политички, а не економски, како што се обидуваат да го претстават.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче