Во објавениот проект за државната програма „Развој на цивилната авиотехнологија“, планирано е купување на најновите руски авиони Sukhoi Superjet 100, поточно, набавување на 29 нови единици за потребите на државната авијација, пренесува Ведомости.
Под „државна авијација“ се мисли на Министерството за внатрешни работи, Федералната служба за безбедност, Минситерството за вонредни состојби, Роскосмос и други федерални агенции и институции.
Според зборовите на менаџерот на компанијата која го произведува овој руски авион, SS 100 е 2-3 пати поевтин за разлика од претходните набавки кои ги вршела владата.
Со стандардниот комплет опрема SS 100 ќе биде сосема доволен за превезување на раководствата на државата, како и префрлање на оперативни групи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче