Русија е подготвена да изгради во Иран уште една нуклеарна централа

Русија и Иран ја разгледуваат можноста за изградба на уште една нуклеарна централа во Бушер. Изградбата може да започне веќе во 2014 година, изјави шефот на Организацијата за нуклеарна енергија, Али Акбар Салехи.

„Преговараме со руските партнери за производство на 4.000 мегават часови електрична енергија, и руската страна е подготвена да започне со изградбата на нуклеарната централа“, ги пренесува РИА Новости изјавите на Салехи.

„Идната година би можела да започне изградбата на уште една нуклеарна централа во Бушер“, напомна Салехи, не прецизирајќи колкава ќе биде нејзината моќност.

Во Бушер веќе постои и работи една нуклеарна централа која германскиот концерн “Kraftwetk Union AG” започна да ја гради уште во 1974 година. Изградбата на централата ја заврши Русија во септември годинава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња