Путин: Рускиот гас за Ерменија ќе поевтини до 189 долари за илјада кубни метри

Русија и Ерменија се договорија за цената на испорака на руски гас. Според договорот меѓу двете страни, цената ќе изнесува 189 долари, изјави Владимир Путин на конференцијата за медиумите во Ереван.

Русија и Ерменија се договорија за цената на испорака на руски гас. Според договорот меѓу двете страни, цената ќе изнесува 189 долари, изјави Владимир Путин на конференцијата за медиумите во Ереван.

Според неговите зборови, Русија ја укинува и извозната давачка енергенси за Ерменија. Претседателот на Русија забележа дека рускиот буџет поради тоа ќе остане пократок, но за економијата на Ерменија тоа се многу добри вести.

Во понеделникот Русија и Ерменија потпишаа редица меѓувладини договори, меѓу кои и договор за укинување на извозни давачки за гас и нафтени продукти за Ерменија. Премиерот на Ерменија Тигран Саркисјан претходно појасни дека цената на рускиот гас за Ерменија, кој претходно изнесуваше 270 долари, сега изнесува 189 долари поради укинувањето на давачката за извоз која изнесува 30%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња