Русија сака да ја јакне својата позиција на Кавказот, изјави рускиот претседател Владимир Путин на руско-ерменскиот меѓурегионален форум, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Што се однесува до Кавказот, Русија не планира никогаш да замине од таму“, изјави Путин. „Сосема спротивното, сакаме да ги зајакнеме нашите позиции таму“. Рускиот претседател додаде дека ќе се зајакнуваат позициите во тој регион, „потпирајќи се на она што го наследивме од нашите предци, потпирајќи се на добрите односи со сите региони во овој регион, вклучувајќи ја и Ерменија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче