МВР на Русија: Руските единици не се и не можат да бидат во Киев

Руската Внатрешна војска нема да биде упатена во Киев, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на зборовите на Василија Панченков, началник во МВР.

Руската Внатрешна војска нема да биде упатена во Киев, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на зборовите на Василија Панченков, началник во МВР.

„Ниту еден војник од Внатрешната војска не се наоѓа и не може да се наоѓа вон границите на Русија“, изјави Панченков, коментирајќи ги соопштенијата на низа украински медиуми дека специјалните единици при Министерството за внатрешни работи се ангажирани околу регулирањето на конфликтната ситуација во Украина.

Според неговите зборови, Внатрешната војска при МВР на Русија може да биде ангажирана исклучително на територијата на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња