Медиуми: САД продолжуваат да се борат со Русија во стилот на Џорџ Буш

Вашингтон продолжува кратковида политика во стило на Џорџ Буш, кој беше уверен дека американскиот модел на демократија е најсоодветен за било која држава, со што руската држава треба да се стави во геополитичко ќоше, пишува The Washington Times.

Вашингтон продолжува кратковида политика во стило на Џорџ Буш, кој беше уверен дека американскиот модел на демократија е најсоодветен за било која држава, со што руската држава треба да се стави во геополитичко ќоше, пишува The Washington Times.

Во 1991 година Западот сметаше дека со распадот на СССР настапи триумф на демократијата и слободниот пазар, иако денес состојбата во Европа и САД не е толку светла, се кажува во статијата.

Авторот пишува дека наметнатите демократии во последнава деценија во Грузија, Украина и Киргистан не доведоа до некакви позитивни промени, а во Ирак и Либија доведоа до „апсолутна катастрофа“ за сите, освен за „Ал-Каеда“.

На Путин како и претходно се гледа како на „најголемата опасност за демократијата“, и покрај тоа што ја има поддршката од мнозинството на своите граѓани и беше прогласен неодамна за највлијателна личност во светот според списанието Forbes.

Игнорирајќи ги основните факти за ситуацијата во современа Русија, многу американски медиумски фигури се обидуваат да го прикажат Путин како главен непријател на САД, западниот свет и демократијата, но таквото ирационално гледиште штети на интересите на националната безбедност на САД, бидејќи доведува до зголемување на списокот на непријатели на оваа земја, резимира авторот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.