Комунистичката партија на Русија предлага на секој полнолетен граѓанин на Русија да му се додели земјиште со големина од 1 до 1,5 хектар, на кое ќе може да изгради куќа, или, пак, да ја обработува. Според замислата на КПРФ, земјиштето треба да се даде бесплатно на сите оние кои тоа ќе го посакаат, а потоа би се наследувало. Документот со кој се предложува оваа идеја веќе е објавен на интернет-страницата на партијата.
Странците можат да побараат право за поседување земјиште само во случај ако добијат државјанство. Освен тоа, руските граѓани можат да ја користат земјата доживотно, со тоа што семејниот имот може да го вратат на државата, но не може да се продаде.
Одлучено е површината на парцелата да биде 1 хектар, бидејќи „тоа е минималната површина земја на која може да се создаде самообновлив екосистем“. Според мислењето на лидерот на Комунистичката партија, земјиштето мора да биде плодно и мора да носи приход на семејството кое го поседува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче