Јанукович се согласи дека Киев на преговорите со ЕУ не ги зел предвид интересите на Русија

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович, изјави дека Русија е во право со тврдењето дека на преговорите за асоцијација Киев не ги зел предвид интересите на Русија.

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович, изјави дека Русија е во право со тврдењето дека на преговорите за асоцијација Киев не ги зел предвид интересите на Русија.

„За што не обвинуваше Русија во последно време? Таа не обвинуваше дека ние не ги земаме предвид интересите во текот на преговорите со Европската унија. Дали е точно тоа тврдење? Секако дека е“, изјави Јанукович во интервју за украинските телевизиски канали.

Со ова, тој изјави дека е добро да се оствари трилатерален дијалог меѓу Украина, Русија и ЕУ.

Јанукович исто така изјави дека наскоро Украина ќе ги возобнови преговорите со ЕУ за условите за потпишување на договорот за асоцијација и зона за слободна трговија.

Масовни акции на поддржувачите на евроинтеграциите започнаа во Киев и во други региони на Украина на 21 ноември, веднаш после објавувањето на информацијата дека владата ќе ги прекине преговорите за потпишување договор за асоцијација со ЕУ. Во саботата специјалната единица „Беркут“ ги истисна демонстрантите од центарот на Киев, а во неделата се одржа митинг на кој присуствуваа околу половина милион луѓе. Истиот митинг заврши со заземање на зградата на градската администрација и масовни судири со полицијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.