Руски екстремен спортист за прв пат во историјата сам ќе го помине Тихиот океан веслајќи

Познатиот светски патник и екстремен спортист, Фјодор Коњухов, се подготвува за прв пат во историјата сам со чамец да го превесла Тихиот океан.

Познатиот светски патник и екстремен спортист, Фјодор Коњухов, се подготвува за прв пат во историјата сам со чамец да го превесла Тихиот океан. Коњухов планира маршрутата од едниот до другиот континент да ја помине за 200 дена непрекинато од Чиле до Австралија. Патувањето ќе започне од чилеанското пристаниште Валпараисо на 12 декември, за време на неговиот роденден, пренесува ИТАР-ТАСС.

Коњухов е првиот веслач и екстремен спортист кој добил дозвола да го преплови Тихиот океан, започнувајќи од чилеанското пристаниште. Претходно вакви дозволи Чиле не издавал никому.

Фјодор Коњухов во 2002 година постави светски рекорд поминувајќи го Атлантскиот океан во чамецот „Уралаз“ за 46 дена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња