Русија до крајот на годината ќе лансира пет воени сателити

Русија до крајот на оваа година ќе лансира пет воени сателити, а во 2014 година - уште шест, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Русија до крајот на оваа година ќе лансира пет воени сателити, а во 2014 година - уште шест, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Во изминатите години забележително се зголеми орбиталната група сателити. Во рамките на државната програма за вооружување, оваа година оваа група веќе е пополнета со пет вселенски апарати. Уште пет ќе бидат лансирани до крајот на годината. Идната година претстои лансирање на уште шест нови вселенски апарати, како и започнување на тестирањата врз новата ракета-носач „Ангала“, изјави Путин.

Путин се задржа на важноста од развој на системот ГЛОНАСС. Според него, во моментов функционираат 28 сателити кои го градат овој систем, што е за четири сателити повеќе од првоначално планираното, што создава дополнителна резерва и надеж за работата на овој систем. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.