Во Ростов на Дон започна со работа научен музеј кој во интересна форма ги илустрира различните закони на физиката и хемијата, изјави неговиот директор Екатерина Белјак за време на отворањето.
„Нашиот музеј - тоа се стотици интерактивни експонати, научно шоу, предавања, научно-популарни лекции, привлечно илустрирани закони на природата. Посетителите ќе можат да се запознаат со светот на механиката, електричната енергија, магнетизмот, акустиката и оптичките илузии. Најважно од сѐ - сите експонати ќе можат да бидат допрени, да се игра со нив“, изјави Белјак.
Во музејот може да се проба велосипед со квадратни тркала, да се помине низ лавиринти од огледала, да се направи мост без клинци, да се зборува со робот, да се допре електризираната топка на Тесла и многу други нешта.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче