Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев ја честиташе на членовите и симпатизерите на партијата „Единствена Русија“ 12-годишнината од постоењето на оваа партија.
Според неговите зборови, „Единствена Русија“ во изминативе години стана вистинска народна партија која го консолидира општеството. „Во нашите редови имаме преку 2 милиона члена, меѓу кои има и истакнати лица од светот на културата и спортот, бизнисмени, работници, раководители, учители и лекари. Нивните мислења се земаат предвид кога се создаваат нови закони, проекти“, истакна Медведев во честитката.
„Важно е да не застануваме“, нагласи премиерот и додаде: „Луѓето денес од политичарите очекуваат отвореност, почитување и ефикасно решавање на актуелните проблеми. Луѓето веруваат на оние кои доследно ги извршуваат своите ветувања.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче