Експерт: Морнарицата во Русија има потреба од подморници слични на „Новоросијск“

Долгоочекуваното спуштање на вода на дизелната подморница „Новоросијск“ е голема случка за целата Воено-морска флота на Русија, но вакви подморници треба да има барем уште десет, за да можат поефективно да се заштитат интересите на Руската Федерација во светскиот океан, изјави претседателот на Руското движење за поддршка на флотата, капетан Михаил Ненашев.

Подморницата од проектот 636.3 „Новоросијск“ за руската морнарица беше започната во август 2010 година, а во четвртокот беше спуштена во вода во Санкт Петербург. Од оваа серија се очекуваат вкупно шест подморници, кои треба да бидат предадени на Црноморската флота до 2016 година.

Според Нанашев, оваа подморница според своите тактичко-технички карактеристики ги надминува сите претходни руски дизелни подморници. Предноста е во брзината, маневрирањето, како и зголемен капацитет на акумулаторите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња