Повеќе од 143.000 лица во Русија починале од СИДА откако се води статистика за бројот на заразени и починати. Околу 20.000 починале само во минатата година, изјави за РИА Новости раководителот на Федералниот центар за профилактика и борба против СИДА-та, Вадим Покровски.
„До 31 август 2013 143.574 граѓани на Русија, кај кои била откриена ХИВ инфекцијата, починале. Само во минатата година починале речиси 20.000“, изјави Покровски.
Претходно тој соопшти дека во моментов во Русија има регистрирано повеќе од 780.000 ХИВ инфицирани во Русија, од кои 51.000 се откриени годинава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче