Русија за пет години ќе пушти во употреба седум радиолокациски станици

Русија во следните пет години ќе активира седум нови радиолокациски станици „Воронеж“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Русија во следните пет години ќе активира седум нови радиолокациски станици „Воронеж“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Денес РЛС од новата генерација „Воронеж“ се изградени во Лехтуси (Ленинградската област), Армавир (Краснодарски крај), а исто така и во Калининградската област и под Иркутск. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека слични станици се планирани за изградба на Алтај, во Краснојарскиот крај и Оренбуршката област.

„Според нашите планови, во следниве пет години треба да изградиме и активираме уште седум вакви станици“, изјави Путин на состанокот околу прашањата за развој на системот за воздушно-вселенска одбрана. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.