Рибак: Украина сака да развива добрососедски односи со Царинската унија

Украина сака да развива добри односи со државите кои се членки во Царинската унија, изјави спикерот на украинскиот парламент, Владимир Рибак после својата посета во Санкт Петербург.

Украина сака да развива добри односи со државите кои се членки во Царинската унија, изјави спикерот на украинскиот парламент, Владимир Рибак после својата посета во Санкт Петербург.

„Украина сака да гради односи со државите од Царинската унија на добрососедска основа, а исто така да ги реализира плановите и договорите кои се прифатени како на билатерално, така и на мултилатерално ниво“, изјави Рибак.

Минатата недела владата на Украина реши да ги прекине подготовките за потпишување на договорот за асоцијација со ЕУ, планиран за потпишување на самитот „Источно партнерство“ на 29 ноември.

Истовремено, Украина е поканета да се приклучи на Царинската унија во која учествуваат Русија, Белорусија и Казахстан, но Киев изјавува дека не е подготвен за целосно приклучување кон Царинската унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња