Претседателот на Русија, Владимир Путин, побара да се активира работата околу создавањето нови авиони ловци, како и авиони со голем радиус на дејство.
„Треба да ја активираме работата околу создавањето на авијациски комплекси од следната генерација“, изјави Путин.
„Во моментов со полна пареа се движи работата над усовршувањето на Т-50. Се извршуваат испитувања, активно се тестираат моторите од новата генерација. Нема сомнежи дека плановите ќе бидат исполнети. Но работата над новите видови авиони мира да започне поактивно“, подвлече шефот на државата.
Тој исто така забележа дека е потребно да се модернизираат бомбардерите и сите авиони кои имаат голем радиус на дејство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче