Премиера на операта „Пикова дама“ во театарот „Нова Опера“ во Москва

Премиерата на операта „Пикова дама“ од Петар Илич Чајковски ќе се одржи во московскиот театар „Нова Опера“ во петок, пренесува РИА Новости.

Премиерата на операта „Пикова дама“ од Петар Илич Чајковски ќе се одржи во московскиот театар „Нова Опера“ во петок, пренесува РИА Новости.

Изведбата ја подготви режисерот Јуриј Александров, уметникот Виктор Герасименко, а диригенкт ќе биде Александар Смоиле. Како што забележа Александорв, гледачите сакаат да погледнат концептуална претстава, различна од традиционалните интерпретации на делото. Тој забележа дека „Пикова дама“ е руска претстава, и затоа дејството се врши во Русија во почетокот на 20 век. Ликовите ќе поминат низ главните случувања трагичниот живот на Русија.

„Тоа не е приказна за љубовта и картите, тоа е историја за човекот во Русија“, изјави режисерот. „За човекот со богата душа, со голем потенцијал, човек кој не можел да се реализира и загинал. Јас ја посветувам оваа претстава на 400-годишнината од Домот на Романови“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња